Ferdi Türkten
19 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Министерот за здравство на Турција Мехмет Муезиноглу рече дека во терористичкиот напад во улица Истиклал загинаа четири граѓани, а дека 36 лица се повредени, од кои 12 се странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Муезиноглу додаде дека седум повредени се наоѓаат во тешка состојба. "Се надевам дека нема да имаме нови губитоци. Меѓу информациите со кои располагаме, се наоѓа и таа дека меѓу повредените се наоѓаат околу 12 странци", рече Муезиноглу.
Во терористичкиот напад кој се случи во 11 часот по локално време во улицата Истикал, пред канцеларилата на градоначалникот, загинаа пет лица, меѓу кои се наоѓа и бомбашот самоубиец. Муезиноглу, кој се наоѓа во Бурса, рече дека ќе отпатува во Истанбул на состанок кој ќе го води турскиот премиер Ахмет Давутоглу.