Uğur Çil
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Од турското Минситерство за надворешни работи во врска со интервенцијата на Израелските сили врз палестинците кои одржуваат протести во Ерусалим, истакнаа: „Остро го осудуваме Израел поради употреба на несразмерна сила“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турското министерството е нагласено дека израелските сили интервенирале во текот на палестинските протести на собраната територија,а до кои дојде по одлуката која се коси со меѓународното право и сите резолуции на Обединетите нации (ОН) во врска со статусот на Ерусалим.
„Изразуваме длабока жалост и загриженост поради убиените четири лица и повредените стотици палестинци во интервенцијата на израелските сили врз палестинците кои одржаа демоснтрации. Остро го осудуваме Израел поради употреба на несразмерна сила“ се наведува во соопштението на турското министерство за надворешни работи.