Ivana Ramadanova
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи на Македонија (МНР) изразува длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичкиот напад во Ница, Франција, и најостро ги осудува овие напади во кои животот го загубија над 70 граѓани, а неколку десетици се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Воедно, од МНР соопштуваат дека до овој момент нема информации за повредени или загинати македонски државјани во терористичкиот напад во Ница, Франција, додавајќи дека се во постојан контакт со надлежните француски институции.
За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани што во моментот се наоѓаат во Франција, од МНР упатуваат на Македонската амбасада во Париз.