Hülya Çorakçı Ertan
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул порача дека Израел е окупаторска држава, која од 1967 година ја одзема територијата на Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Истанбул говореше на затворањето на Неделата на иновации и претприемништво , која ја организираше Советот на турски извозници. Во таа прилика Ердоган се осврна на актуелните случувања, првенствено на одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
„Израел е окупаторска држава. Моментално таму нивната полиција пука млади и деца и врши терор.Со авионите Ф-16 ја напаѓаат Газа. Од друга страна, ја напаѓаат Палестина", порача Ердоган.
Изнесе жестоки критики на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата одлука за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.
„Трамп сака да дојде до некоја цел водеќи се според она „Јас завршив и работата е готова". Простете, но да се води светот не е така едноставно. Силата не може да ви го да де тоа за право. Посебно им порачувам на лидерите на големите земји, ваша задача не е во светот да произведувате судири, туку да воспоставите мир. Тоа треба да го правите", рече Ердоган.
Порача дека одлуката на Трамп за Ерусалим најголем удар му нанесе на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), чија членка се и Соединетите Американски Држави.
„Со последната изјава (на претседателот Трамп) САД ја занемари резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 1980. година, под која се наоѓа потпис токму на оваа земја. Дали такво нешто е можно? Долу се наоѓа твојот потпис, а после толку време, ти тоа го негираш. Обединетите нации кои непочитуват и кон кои не обрнуваат внимание дури ниту постојаните членки на СБОН, не може да има никаков авторитет, ниту веродостојност за останатите земји членки на ОН. Никој не е над владеењето на правото", истакна турскиот претседател Ердоган.
На крајот порача дека судбината на Ерусалим не смее да биде препуштена на окупаторска земја (Израел) која од 1967. година одзема територија на Палестинците.
„Судбината на Ерусалим не смее да биде препуштена во рацете на окупаторската држава која од 1967. година, кршејќи ги сите правни и етички правила одзема територија на Плестинците. Тоа би може да се нарече препуштање на овца, на див волк. Ерусалим е зеница на нашето око. Ерусалим е нашата прва кибла. Ерусалим е нашата црвена линија. Тоа нека се знае", рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.