Yeşim Sert Karaaslan
10 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, изјави дека освен осуда, потребно е да се формира став и одредено држење кога станува збор за признавањето на Кудс како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг се осврна на неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го прознае Кудс како главен град на Израел и американската амбасада во Тел Авив да ја пресели во Кудс.
Тој потсети дека во текот на следната недела ќе се одржи состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИК) во Истанбул, и рече:
„Освен осудата, потребно е да се има одреден став и држење“.
Боздаг се осврна и на политиката на Турција во врска со Палестина и со Кудс, и рече дека таа отсекогаш била многу јасна, отворена и конкретна.
„Турција отсекогаш имала јасна и конкретна политика за ова прашање, и ќе продолжи да ја штити таа политика и понатаму. Дури и ако на тој план е единствена, Турција својот став и мислење нема да го промени“, порача Боздаг.
Како претседател на Организацијата за исламска соработка (ОИК), турскиот претседател Ердоган за 13 декември свика вонреден самит на лидерите на организацијата во Истанбул, на кој ќе се разговара за заедничкиот став на исламскиот свет во однос на потегот на Трамп за Кудс.