Избрана е првата петорка на НБА за оваа сезона
- Меѓу играчите избрани во најдобрата прва петорка на НБА за оваа сезона се Гилџус-Александар, Антетокумпо, Јокиќ и Тејтум, кои добија по 500 поени, додека Мичел собра 414 поени.

ИСТАНБУЛ (АА) - Избрани се играчите кои ја сочинуваат најдобрата петорка во Американската кошаркарска лига (НБА) за оваа сезона, известува Анадолу.
Во соопштението што го објави НБА се наведува дека Јанис Антетокунмпо од Милвоки Бакс, Шаи Гилџус-Александар од Оклахома Сити Тандер и најкорисен играч (МВП) сезонава, Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, Донован Мичел од Кливленд Кавалирс, и Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс, се избрани во првата петорка за сезоната 2024/25.
Најдобрите играчи на НБА за оваа сезона се избрани од глобален медиумски панел составен од 100 лица.
Во избраната прва петорка на НБА кошаркарите Гилџус-Александар, Антетокумпо, Јокиќ и Тејтум добија по 500 поени, додека Мичел собра 414 поени.
Турскиот репрезентативец Алперен Шенѓун, кој настапува за Хјустон Рокетс, беше играчот кој собра најмногу поени меѓу играчите кои не успеаја да се најдат на листата од 15 имиња кои ги сочинуваа првите 3 петорки оваа сезоната.
Џејмс Харден, кој беше избран последен во третата стартна петорка за сезоната 2024-25 на НБА, се најде на 15-тото место со 68 поени, додека Алперен на 16-тото место освои 58 поени.
Во втората најдобра петорка на НБА оваа сезона се најдоа:
Џејлен Брансон (Њујорк Никс)
Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс)
Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс)
Леброн Џејмс - (Лос Анџелес Лејкерс)
Еван Мобли - (Кливленд Кавалирс)
Третата петорка на НБА за сезоната 2024/25 ја сочинуваат:
Кејд Канингем (Детроит Пистонс)
Тајрис Халибартон (Индијана Пејсерс)
Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс)
Џејлен Вилијамс (Оклахома Сити Тандер)
Џејмс Харден (Лос Анџелес Клиперс)
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.