спорт

Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид

- Шпанскиот фудбалски стратег потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид.

Emre Aşıkçı  | 25.05.2025 - Обновена : 28.05.2025
Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид

ИСТАНБУЛ (АА) – Шпанскиот фудбалски стратег, Чави Алонсо (43), е новиот тренер на Реал Мадрид. Алонсо следните три сезони, од 1 јуни 2025 до 30 јуни 2028, ќе го предводи Реал Мадрид, потврдија денес од клубот, јавува Анадолу.

„Чаби Алонсо ја започна својата тренерска кариера во младинскиот центар на Реал Мадрид, каде што го водеше тимот до 12 години во сезоната 2018/2019 и ја освои лигата и Торнео де Кампеонес“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

„Сега тој се враќа во Реал Мадрид како еден од најдобрите тренери во светот, откако испиша историја со тимот на Баер Леверкузен, освојувајќи ја лигата (Баер Л. за првпат стана шампион на Германија под водство на Алонсо), Купот и Суперкупот на Германија во три сезони“, се додава во соопштението на клубот.

Од клубот соопштија и дека 43-годишниот Алонсо ќе биде официјално претставен како нов тренер во понеделник на настанот што ќе се одржи во спортскиот комплекс „Реал Мадрид Сити“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.