спорт

Наполи се подготвува за прославување на титулата во Серија А, навивачите ги преплавуваат улиците

Победничката парада со автобус со отворен покрив и шампионскиот трофеј се очекува подоцна денес попладне

Elena Trenchevska Chekovich  | 26.05.2025 - Обновена : 27.05.2025
Наполи се подготвува за прославување на титулата во Серија А, навивачите ги преплавуваат улиците

СКОПЈЕ (АА) - Навивачите на фудбалскиот клуб Наполи почнаа да се собираат во центарот на градот за да го прослават триумфот на својот тим во италијанската Серија А, прва титула на клубот во лигата по две години, јавува Анадолу.

Победничката парада со автобус со отворен покрив и шампионскиот трофеј се очекува подоцна денес попладне.

Се очекува речиси еден милион навивачи да ги исполнат улиците за да го прослават второто Скудето на Наполи за три години. Планирано е поголем дел од попладнето и вечерта улиците низ градот да бидат затворени.

Наполи триумфираше во Серија А за сезоната 2024/25 со 81 бод, завршувајќи само еден бод пред второпласираниот Интер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın