Турција

Претседателот на Турција, Ердоган отпатува за Туркменистан

- На аеродромот „Есенбога“ во Анкара претседателот Ердоган беше испратен од потпретседателот Џевдет Јилмаз, гувернерот на Анкара, Васип Шахин и други официјални лица.

Fatih Gökbulut  | 11.12.2025 - Обновена : 11.12.2025
 Претседателот на Турција, Ердоган отпатува за Туркменистан

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, отпатува за Туркменистан каде што ќе присуствува на Меѓународниот форум за мир и безбедност, известува Анадолу.

На аеродромот „Есенбога“ во Анкара претседателот Ердоган беше испратен од потпретседателот Џевдет Јилмаз, гувернерот на Анкара, Васип Шахин и други официјални лица.

Ердоган на ова патување го придружуваат сопругата Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, директорот за комуникации на турското Претседателство, Бурханетин Дуран и претседателот на Советот на Организацијата на туркиските држави, Бинали Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.