Белград нема да организира дочек на Нова година од безбедносни причини
- „Не сакам никогаш повеќе да се случи она што се случи минатата година. Група луѓе сакаа да влетаат минатата година, не сакаме повеќе да ризикуваме...“, изјави градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ
БЕЛГРАД (АА) - Градот Белград оваа година нема да организира дочек на Нова година или на српската Нова година, изјави на прес-конференција градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, јавува Анадолу.
„Не сакам никогаш повеќе да се случи она што се случи минатата година. Група луѓе сакаа да влетаат минатата година, не сакаме повеќе да ризикуваме. Што се однесува до градот Белград, сè додека не се најдеме во ситуација да може да ја осигуриме безбедноста на секој учесник, нема да организираме ништо“, рече Шапиќ, објави белградскиот весник „Денес“.
Тој додаде дека немаат буџет за осветлување и дека дури и она што е украсено е подарок за луѓето од Белград.
На прашањето на новинарка на „Денес“ дали ќе се организира дочек некаде на друго место во Белград освен „Белград на вода“, градоначалникот истакна дека тој дочек е приватно организиран и дека „секој пред својата кафеана може да организира дочек“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
