ТХЈ организираше настан во Скопје за зајакнување на туризмот меѓу Северна Македонија и Турција
- На настан организиран од „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) во просториите на еден хотел во Скопје, 30 туристички агенции од Турција и Северна Македонија одржаа бизнис-состаноци.
СКОПЈЕ
Во Скопје се одржа активност за зајакнување на туризмот меѓу земјата и Турција, јавува Анадолу.
На настан организиран од „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) во просториите на еден хотел во Скопје, 30 туристички агенции од Турција и Северна Македонија одржаа бизнис-состаноци.
Директорката на „Туркиш ерлајнс“ за Скопје, Улкер Шуле Аксој, рече дека Северна Македонија има посебно место во срцето на Балканот, каде што се спојуваат култури, истории и приказни.
„Како 'Туркиш ерлајнс' 27 години, од 1998 година, го поврзуваме прекрасниот град Скопје, срцето на земјата, со Истанбул со 14 лета неделно. Оваа година, со нашите сезонски летови од Охрид до Истанбул, кои ги започнавме со четири лета неделно, продолжуваме да бидеме мост меѓу двете земји со вкупно 18 лета неделно“, рече таа.
Аксој истакна дека 2025 година била многу добра година за нив, со почнувањето на летовите до Охрид, при што додаде дека имаат цел да продолжат со овој успех и да го зголемат во 2026 година во соработка со деловните партнери.
Според податоците од Државниот завод за статистика на Северна Македонија, турските туристи се рангирале меѓу најбројните посетители на земјата помеѓу јануари и октомври 2025 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
