Турција

Ердоган: На Израел поради нападите на Ал-Акса и Палестинците да му се одржи заслужена лекција

Ердоган истакна дека сакаат да го видат Киргистан заедно со Турција во иницијативите што ги започна на меѓународната арена со цел да му се даде потребната лекција на Израел, кој спроведува напади на џамијата Ал-Акса, Газа и Палестинците

Mümin Altaş   | 13.05.2021
Ердоган: На Израел поради нападите на Ал-Акса и Палестинците да му се одржи заслужена лекција

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Киргистан, Садир Џапаров, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Кабинетот на турскиот претседател се наведува дека Ердоган и Џапаров размениле честитки по повод Рамазанскиот бајрам.

Исто така разговарале и за билатералните односи и регионалните прашања, меѓу кои и нападите на Израел врз Палестина.

„Претседателот Ердоган истакна дека сакаат да го видат Киргистан заедно со Турција во иницијативите што ги започна на меѓународната арена со цел да му се даде потребната лекција на Израел, кој спроведува напади на џамијата Ал-Акса, Газа и Палестинците“, се вели во соопштението.

Турскиот претседател оствари телефонски разговор и со авганистанскиот претседател Ешреф Гани, во кој заемно си го честитаа празникот Рамазан Бајрам.

Во разговорот, на којшто се оценети билатералните односи и регионалните случувања, Ердоган истакна дека е важно да се дејствува заедно на сите релевантни платформи за меѓународната заедница да не молчи пред бруталните напади на Израел врз Палестина.

Меѓу другото Ердоган изјави дека како Турција, во овој клучен период, како и секогаш, ќе продолжат да стојат покрај Авганистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın