Турција

Ердоган: „Нашата цел е да воспоставиме мир во нашиот регион и пошироко“

„Нашата цел е да воспоставиме мир во нашиот регион и пошироко со претприемнички дипломатски пристап кој ги става луѓето и човечките вредности во центарот“, порача турскиот претседател

Diyar Güldoğan  | 16.09.2022 - Обновена : 17.09.2022
Ердоган: „Нашата цел е да воспоставиме мир во нашиот регион и пошироко“

АНКАРА (АА) – Анкара вложува искрени напори за ставање крај на кризата во Украина и да овозможи житото да се извезува во Африка, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција АНадолија (АА).

„Ние правиме искрени напори да обезбедиме житото да стигне до оние на кои им е најпотребно, особено на нашите браќа и сестри во Африка“, рече Ердоган на втората сесија на Самитот на Шангајската организација за соработка (SCO) во Самарканд, Узбекистан.

Тој, исто така, нагласи дека Туркије вложува големи напори за прекин на конфликтот во Украина преку дипломатија што е можно поскоро.

Турскиот претседател како специјален гостин присуствува на 22. состанок на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка, на кој Туркије учествува на претседателско ниво за првпат по добивањето на статусот партнер во дијалогот на ШОС во 2012 година.

„Туркије со заеднички напори ќе ја зголеми соработката со регионалниот блок на повисоко ниво“, порача Ердоган и додаде дека Анкара работи на зајакнување на односите со Азија на секое поле.

„Благодарение на нашиот статус како партнер за дијалог во последната деценија, ова место стана еден од нашите прозорци кон Азија“, истакна тој.

Ердоган додаде дека Туркије е најдарежливата земја во светот бидејќи одвојува речиси 1 отсто од својот национален приход за хуманитарна помош.

„Нашата цел е да воспоставиме мир во нашиот регион и пошироко со претприемнички дипломатски пристап кој ги става луѓето и човечките вредности во центарот“, порача турскиот претседател.

Тој присуствуваше и на заедничкото фотографирање на Самитот и оствари билатерални средби со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев, кинескиот претседател Си Ѓинпинг, претседателот на Монголија, Ухнагин Курелсух, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и индискиот премиер Нарендра Моди. Планирана е средба и со рускиот претседател Владимир Путин.

Основана во 2001 година, осумчлената Шангајска организација за соработка има за цел да ги зајакне пријателските, добрососедски односи и меѓусебната доверба меѓу земјите членки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.