Dzihat Aliju
02 Март 2026•Ажурирај: 02 Март 2026
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, оствари одделни телефонски разговори со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеик Абдула бин Зајед ал Нахјан, и со министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад ал Бусаиди, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Црна Гора на социјалната платформа на американската компанија X, Ибрахимовиќ разговарал со Ал Нахјан и со Ал Бусаиди за најновите безбедносни случувања на Блискиот Исток.
„Црна Гора ја повтори поддршката за деескалација, заштитата на цивилите и критичната инфраструктура, како и почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите. Црна Гора останува посветена на поддршка на кредибилните меѓународни напори насочени кон дијалог, стабилност и безбедност во регионот“, се наведува во објавата.