Турскиот претседател Ердоган отпатува во официјална посета на Етиопија
За време на посетата на Адис Абеба, се очекува Ердоган да одржи тет-а-тет средба и меѓуделегациски разговори со етиопскиот премиер Абиј Ахмед
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува за Адис Абеба, главниот град на Етиопија, во официјална посета на земјата, јавува Анадолу.
Ердоган беше испратен од Државната гостинска куќа на Аеродромот „Ататурк“ од гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, претседателот на обласниот огранок за Истанбул на Партијата за правда и развој (АК), Абдула Оздемир, и други официјални претставници.
За време на посетата на Адис Абеба, се очекува Ердоган да одржи тет-а-тет средба и меѓуделегациски разговори со етиопскиот премиер Абиј Ахмед.
По состаноците, тој треба да присуствува на церемонијата на потпишување договори и на заедничка прес-конференција.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
