Турскиот претседател пристигна во официјална посета на Етиопија
Ердоган и неговата делегација беа пречекани од премиерот Абиј Ахмед, министерот за надворешни работи Гедион Тимотевос и турскиот амбасадор во Етиопија, Берк Баран
АДИС АБЕБА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во официјална посета на Етиопија, јавува Анадолу.
Ердоган и неговата делегација беа пречекани од премиерот Абиј Ахмед, министерот за надворешни работи Гедион Тимотевос и турскиот амбасадор во Етиопија, Берк Баран, на меѓународниот аеродром „Боле“ во Адис Абеба.
