свет

Tопол оброк им е поделен на Палестинците кои се борат со гладот во Газа

- Фондацијата Ал-Акса, која дејствува во Турција, им дистрибуираше топол оброк на раселените Палестинци кои се соочуваат со глад поради тековните израелски напади и блокадата за влез на хуманитарна помош во палестинската енклава

Oktaj Omeragikj  | 05.08.2025 - Обновена : 05.08.2025
Tопол оброк им е поделен на Палестинците кои се борат со гладот во Газа

СКОПЈЕ (АА) - Фондацијата Ал-Акса, која дејствува во Турција, им дистрибуираше топол оброк на раселените Палестинци кои се соочуваат со глад поради тековните израелски напади и блокадата за влез на хуманитарна помош во палестинската енклава, известува Анадолу.

Добротворната организација Ал-Акса во западниот дел на градот Газа организираше топол оброк за гладните Палестинци кои секојдневно се борат да дојдат до храна, која недостасува во Појасот Газа бидејќи Израел не дозволува влез на хуманитарна помош на тие простори.

Палестинците во долги редици чекаа да им биде дистрибуирана храна. На моменти доаѓаше до турканица поради гладот на Палестинците кои посакуваа што поскоро да дојдат до топлиот оброк.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın