политика

Истакнати бугарски јавни личности ја повикаа Владата да го осуди израелскиот геноцид во Газа

„Бугарија не смее да молчи. Потребни се решителност, храброст и достоинствено однесување за да можат идните генерации да зборуваат за Бугарија со иста почит како што имале досега“

Ahmet Gençtürk  | 06.08.2025 - Обновена : 06.08.2025
Истакнати бугарски јавни личности ја повикаа Владата да го осуди израелскиот геноцид во Газа

Атина

Голем број бугарски јавни личности денес ја повикаа Владата да го осуди израелскиот геноцид во Газа, пренесува Анадолу.

Во отворено писмо до претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на земјата, тие повикаа на „јасна и јавна осуда на геноцидот и масовните кршења на меѓународното хуманитарно право во Газа, потврдувајќи дека Бугарија ќе ги почитува духот и Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, на која е потписник“, објави јавниот радиодифузен сервис БТА.

Дијана Хусеин, претставничка на иницијативата за отвореното писмо насловено „Став на бугарските јавни личности, културни работници и граѓани за геноцидот во Газа“, нагласи дека круцијално е да се осуди тоа што се случува во Газа бидејќи Бугарија е должна да ги брани принципите што служат како репер за однесување во Европа.

Таа додаде дека Владата мора да објасни кој стратегиски интерес ја оправдува сегашната позиција на Бугарија.

Говорејќи на презентирањето на писмото, Огњан Касабов, кој предава етика на Софискиот универзитет, рече дека сегашниот став на Бугарија изгледа чуден во контекст на растечката меѓународна осуда на постапките на Израел.

Најден Рашков, директор на Амнести интернешнл Бугарија, нагласи дека постапките на израелската Влада ги исполнуваат критериумите за геноцид.

Раскажувајќи дека Бугарија официјално ја признала државата Палестина во 1988 година, Љубомир Ќучуков, поранешен заменик-министер за надворешни работи, рече: „Со својот сегашен став Западот ја потврдува перцепцијата на двојни стандарди.“

Тој нагласи дека критиката кон политиките на Нетанјаху не е антисемитизам, туку повик за почитување на меѓународното право.

Во писмото се повикуваат сите бугарски институции одговорни за надворешната политика да ги поддржат сите пресуди на Меѓународниот суд на правдата, вклучително и напорите за нивно спроведување, како и да обезбедат непречен пристап на хуманитарна помош во Газа.

Во отвореното писмо, исто така, се повикува на активни дипломатски иницијативи од ОН, ЕУ и НАТО за постигнување итен и одржлив прекин на огнот, како и за прекин на извозот и транзитот на оружје што може да се користи против цивилите во Газа.

Исто така, се повикува на повторно потврдување и зајакнување на ставот на Бугарија во поддршка на правото на палестинскиот народ на држава, опишана како одржлива, независна и демократска.

„Бугарија не смее да молчи. Потребни се решителност, храброст и достоинствено однесување за да можат идните генерации да зборуваат за Бугарија со иста почит како што имале досега“, се додава во писмото.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın