Mehmet Nuri Uçar
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
ГАЗА (АА) – ХАНИ ЕШ-ШАИР - Здравствениот работник, Палестинката Разан ен-Неџар, со сета храброст, како волонтер дотрча до нултата точка на границата за да им помогне на ранетите кои учестуваа во „Маршот на големото враќање“ по повод 42. годишнина на Денот на земјата, кој стана симбол на отпорот против израелската окупација, пишува Anadolu Agency (AA).
Воглавно, во случувањата на границата, на должност се здравствени работници - мажи, но 20-годишната Неџар, без двоумење, им дава поддршка на своите машки колеги да им помогне на ранетите Палестинци, и работи напорно за да ги излечи.
Неџар претрчува меѓу шаторите поставени за активистите, во градот Хан Јунус, јужно од Појасот Газа, каде задно со здравствените работници – волонтери им помага на ранетите.
Неџар на новинарот на АА му ги раскажа сите доживувања од почетокот на протестите досега, изјавувајќи дека на првиот ден од протестите помагала во лекувањето на 70 ранети, од кои 15-мина биле погодени во глава.
Велејќи дека во три наврати се соочила со гушење од фрлените гасни бомби, Неџар раскажа: „Во петокот наутро бевме на должност во шаторот за давање прва помош од 7.00 часот наутро до 22.00 часот. Во еден настан беа ранети тројца демонстранти со вистински куршуми. Иако, дел од здравствените работници се колебаа да влезат на тој простор, ние влеговме и им ја укажавме првата помош на ранетите. Војниците неколкупати пукаа кон мене, но фала му на Бога, ништо не се случи.“
Неџар, истакнувајќи дека до крај ќе им дава поддршка во активностите на Палестинците во однос на правото да се вратат назад, изјави: „Знам дека оваа должност воопшто не е лесна за една жена, но одлучна сум да го завршам овој пат кој го започнав, помагајќи им на ранетите и на оние коишто се во тешка ситуација.“
Палестинката Неџар истакна дека нема да ја остави работата, доколку таа потрае со месеци. „Мојата униформа е обоена со крвта на чисти и скапоцени луѓе. Јас се гордеам со тоа“, изјави Неџар.
Во рамките на одбележувањето на 42. годишнината од Денот на земјата, Палестинците од 30 март организираат мировни протести во пограничното подрачје на Појасот Газа со Израел, кој се наоѓа под блокада.
Израелските војници отвораат оган со вистински куршуми врз цивилното население, кое повикува на „враќање на териториите од кои се протерани и отстранување на бесправната блокадата врз Газа која се спроведува од 2006 година наваму“. Уште првиот ден од протестите, животот го загубија 18 Палестинци, а повеќе од 1.500 беа ранети.
Палестинците планираат овие мирни демонстрации да ги продолжат шест недели.
- Што е Ден на земјата? -
На 30 март 1976 година, Израел конфискуваше илјадници декари земја која им припаѓа на Палестинците. Како реакција на тоа, палестинскиот народ започна генерален штрајк и организираше протести.
Израелската полиција отвори оган, уби шестмина Палестинци, учесници во протестите, и рани голем број од нив.
Овој настан кој се одбележува како „Ден на земјата“, стана симбол на отпорот што Палестинците го покажуваат по прашањето за земјата, кое е извор на судири меѓу Израел и Палестина.