Ekipa
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
АФРИН/ИДЛИБ (АА) - Воената полиција која се состои од припадниците на Слободната сириска војска (ССВ) продолжува во извршувањето на должноста за јакнење на општата безбедност во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Привремената сириска влада во декември минатата година соопшти дека околу 30 подгрупи при ССВ се обединети под името „Национална војска“.
Воената полиција при „Националната војска“ е формирана од членовите на ССВ, со цел пружање поддршка на полицијата на подрачјата ослободени со офанзивата „Штитот на Еуфрат“.

Воената полиција од припадниците на ССВ ја презеде должноста на осигурување на безбедноста во центарот на градот, а започнато е и пребарување на теренот како и активности на периферијата од градот.
Оформени се и контролни пунктови на влезовите и излезите од градот.
Командантот на воената полиција во Африн, Мухамед ел-Буши, изјави дека интензивно продолжуваат со осигурување на безбедноста на цивилите и нивниот имот во Африн, по ослободувањето од терористите.
„Нашите активности се продолжени против терористите кои не успеаја да избегаат за време на операциите и кои се сокрија. Ги фативме лицата кои ги забележавме. Деноноќно работиме на безбедноста на цивилите во Африн“, порача Буши.

Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) на 18 март го ослободија Африн од терористите. Во тек е пребарувањето на теренот насочено против терористите на ЈПГ/ПКК, кои за време на операцијата „Маслинова гранка“ се сокрија во планинското подрачје.
Воените турски авиони и припадниците на ССВ вчера организираа копнена и воздушна акција насочена против терористите на ЈПГ/ПКК кои се сокрија во планинското подрчаје во Раџу.