Трамп по средбата Виткоф-Путин: „Направен е голем напредок“
Посетата се случи два дена пред рокот од 10 дена што Трамп ѝ го постави на Русија да постигне договор за прекин на огнот со Украина

Washington DC
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф имал „многу продуктивен“ состанок со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Анадолу.
„Остварен е голем напредок!“, напиша Трамп на „Truth Social“.
Трамп рече дека информирал некои од европските сојузници.
„Сите се согласуваат дека мора да ѝ се стави крај на оваа војна и ние ќе работиме на тоа во деновите и неделите што доаѓаат“, додаде тој.
Виткоф пристигна во Москва денес, а ова е негова петта посета на Русија од почетокот на годината. Последен пат се сретна со Путин на 25 април.
Посетата се случи два дена пред рокот од 10 дена што Трамп ѝ го постави на Русија да постигне договор за прекин на огнот со Украина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.