Балкан

Српскиот министер Глишиќ доживеа крвавење во мозокот на ТВ-програма во живо

- Министерот за здравство, Златибор Лончар: „Глишиќ, кому му се слошило за време на телевизиската емисија, бил во несвест кога е донесен во болница. Утврдено е дека претрпел мозочно крвавење и неговата состојба е многу сериозна“.

Lejla Biogradlija  | 05.08.2025 - Обновена : 05.08.2025
Српскиот министер Глишиќ доживеа крвавење во мозокот на ТВ-програма во живо Фото: Screenshot

АНКАРА (АА) - Српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, доживеа крвавење во мозокот за време на телевизиска емисија во живо во која се појавил ова утро, известува Анадолу.

Српските национални медиуми објавија дека министерот Глишиќ се појавил во утринска програма во студиото на еден телевизиски канал во Белград кој се прикажува на национално ниво.

По извесно време на Глишиќ му се слошило, по што преносот во живо бил прекинат, а министерот бил однесен во болница.

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, за состојбата на Глишиќ, изјави:

„Глишиќ, кому му се слошило за време на телевизиската емисија, бил во несвест кога е донесен во болница. Утврдено е дека претрпел мозочно крвавење и неговата состојба е многу сериозна“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи го сподели следното:

„Дарко, држи се цврсто. Нема откажување“.

Глишиќ, кој ја извршува функцијата министер за јавни инвестиции во српската Влада од мај 2024 година, е роден на 28 мај 1973 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.