Mevlüt Özkan
06 Август 2025•Ажурирај: 07 Август 2025
Министерот за одбрана на Гана, Едвард Омане Боама, министерот за животна средина, наука, технологија и иновации Ибрахим Муртала Мухамед и уште шест лица загинаа денес при пад на воен хеликоптер, соопшти началникот на Генералштабот, јавува Анадолу.
„Претседателот и Владата изразуваат жалење и сочувство до семејствата на нашите другари и војниците што загинаа во служба на земјата. Сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје до натамошно известување“, изјави началникот на Генералштабот, Џулиус Дебра, за новинарите.
Армијата на Гана претходно соопшти дека воен хеликоптер Z9 на воздухопловните сил полетал од главниот град Акра на пат кон Обуаси утрото и исчезнал од радарот.