свет

Демонстрантите во Тел Авив бараат прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците

- На протестот демонстрантите држеа транспаренти со кои се бараше итен прекин на војната и транспаренти со фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп.

Aida Cako  | 08.07.2025 - Обновена : 08.07.2025
 Демонстрантите во Тел Авив бараат прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците

СКОПЈЕ (АА) - Група демонстранти се собра пред амбасадата на САД во Тел Авив за да побараат прекин на огнот во Газа и враќање на израелските заложници, според локалните извештаи, јавува Анадолу.

Демонстрантите држеа транспаренти со кои се бараше итен прекин на војната и транспаренти со фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп.

Минатиот петок Хамас соопшти дека доставил „позитивен“ одговор до посредниците во врска со неодамнешниот предлог за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници.

Израелските медиуми објавија дека најновиот предлог веројатно вклучува постепено ослободување на половина од живите израелски заложници (10) и половина од останките (18) во рок од 60 дена.

Според Министерството за здравство на Газа, откако започна израелската војна во Газа во октомври 2023 година, убиени се повеќе од 57.500 Палестинци - најмногу жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın