Балкан

Европскиот парламент го поддржа влезот на Бугарија во еврозоната од јануари 2026 година

- Откако земјите членки на ЕУ формално ќе ја одобрат одлуката, Бугарија ќе стане 21-та земја што ќе се приклучи на еврозоната.

Necva Taştan Sevinç  | 08.07.2025 - Обновена : 09.07.2025
Европскиот парламент го поддржа влезот на Бугарија во еврозоната од јануари 2026 година

ИСТАНБУЛ (AA) – Европскиот парламент денес ја поддржа кандидатурата на Бугарија за усвојување на еврото, отворајќи ѝ пат на земјата да се приклучи на еврозоната од 1 јануари 2026 година, јавува Анадолу.

Во клучното гласање, 531 пратеник на Европскиот парламент гласаа за, 69 беа против, а 79 беа воздржани.

Во усвоениот извештај се потврдува дека Бугарија ги исполнува сите неопходни критериуми за да го усвои еврото како официјална валута.

Откако земјите членки на ЕУ формално ќе ја одобрат одлуката, Бугарија ќе стане 21-та земја што ќе се приклучи на еврозоната.

Последната земја што го усвои еврото беше Хрватска, која влезе во еврозоната во 2023 година.

„Денешното гласање испраќа јасен сигнал: Бугарија е подготвена да се приклучи на еврозоната. Сите критериуми се исполнети, и овој чекор претставува клучна пресвртница во целосната европска интеграција на земјата и нејзините граѓани“, изјави бугарската пратеничка Ева Мајдел, која беше известувач за ова прашање по завршувањето на гласањето.

Мислењето на Европскиот парламент сега ќе биде доставено до земјите членки на еврозоната, кои се очекува да ја дадат својата конечна одлука подоцна денес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.