Ahmet Gençtürk
08 Јули 2025•Ажурирај: 09 Јули 2025
АТИНА (АА) – Екстремниот топлотен бран што ја зафати Грција денес доведе до привремено затворање на Акропол во Атина, најзначајното историско место во земјата, јавува Анадолу.
Поради температурите што достигнаа 40 Целзиусови степени, Акропол беше затворен за посетители од 13 до 17 часот, според одлуката на атинскиот орган за антиквитети.
Министерството за труд, исто така, го продолжи прекинот на работата за физичките работници на отворено и услугите за достава на храна втор ден во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги северна и централна Грција, како и многу острови.
Се очекува топлотниот бран што започна в понеделник да се намали од четврток.