свет

Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

- Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош

Aida Cako  | 08.07.2025 - Обновена : 08.07.2025
Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

СКОПЈЕ (АА) - Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу.

Тој бил тешко повреден во израелски напад во коридорот Нецарим и претрпел ампутација поради раните од шрапнели.

Младото палестинско момче е само едно од стотиците деца од Појасот Газа кои останале без делови од телото како резултат на континуираните израелски воздушни напади.

Мухамед сега живее со неговото семејство во шатор поставен во кампусот на Исламскиот универзитет во Газа.

Израелската војска од октомври 2023 година уби повеќе од 57.500 Палестинци во Газа, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја опустоши целата енклава, предизвикувајќи недостиг од храна и ширење на болести.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.