свет

Екстремно десничарскиот израелски министер бара од Нетанјаху да го повлече преговарачкиот тим од Катар

- Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја повлече израелската делегација што води индиректни преговори со Хамас во Доха, главниот град на Катар

Mustafa Deveci  | 08.07.2025 - Обновена : 08.07.2025
 Екстремно десничарскиот израелски министер бара од Нетанјаху да го повлече преговарачкиот тим од Катар

АНКАРА (АА) - Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја повлече израелската делегација што води индиректни преговори со Хамас во Доха, главниот град на Катар, известува Анадолу.

Министерот Бен-Гвир имаше објава на својот профил на социјалните мрежи за убиството на петмина израелски војници во судир со палестински групи во Појасот Газа.

„Не треба да преговараме со оние што ги убија нашите војници“, наведе Бен-Гвир во објавата и повика израелската делегација што води индиректни преговори со Хамас во Доха за размена на затвореници и прекин на огнот во Газа да го напушти Катар.

Изразувајќи го своето противење на можна размена на затвореници, привремен прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Газа во рамките на договорот, Бен-Гвир наведе:

„(Членовите на Хамас) Треба да умрат оставајќи ги да гладуваат.“

Тврдејќи дека нападите треба да продолжат целосно опколувајќи ја Газа, Бен-Гвир повика Палестинците во регионот да бидат протерани од Газа под името „доброволна миграција“ и таму да се изградат нелегални еврејски населби.

Во неделата администрацијата на Нетанјаху прати израелска делегација во Доха на индиректни преговори со Хамас за размена на затвореници и привремен прекин на огнот во Газа.

Локални извори известуваат дека индиректните преговори се во тек, но страните сè уште не постигнале консензус за договорот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.