Катар: Разговорите во Доха се фокусираат на рамката за преговори за прекин на огнот во Газа
„Напорите на посредниците се фокусирани на постигнување фаза што ќе стави крај на војната во Газа“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција во Доха.

ИСТАНБУЛ (АА) – Катар денес соопшти дека тековните разговори меѓу Израел и Хамас се фокусирани на рамката за преговори за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.
„Напорите на посредниците се фокусирани на постигнување фаза што ќе стави крај на војната во Газа“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција во Доха.
„Во моментов се дискутира рамка за преговори за прекин на огнот во Газа пред последната фаза“, додаде тој.
Портпаролот рече дека е прерано да се разговара за конкретни детали или временски рокови за преговорите за прекин на огнот.
„Процесот бара време и не е можно да се обезбеди јасен временски распоред за постигнување резултати“, рече тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.