Ekip
26 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
АНКАРА ( АА ) – За месец дена, односно од полноќ 27 февруари 2016 година, кога е и прогласен делумниот и привремен прекин на огнот во Сирија, загинаа 288 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението на Мрежата за човечки права во Сирија ( СНХР ) прекинот на огнот е прекшен 900 пати, а убиени се 288 цивили од кои 90 се убиени на подрачјата кои се наоѓаат под контрола на ДАЕШ. Иако режимот со нападите на опозиција на сирискиот претседател Башар Ал/ Ассад продолжи, голем дел од руските бомбардирања е суспендиран.Со самото тоа што е намален бројот на нападите во населенијата, намален е и бројот на загинатите цивили.
Меѓутоа, Ассадовиот режим го попречува доставувањето на хуманитарна помош на подрачјата под опсада. Хуманитарна помош е доставена само на подрачјата на Муаддамија, Забадани, Источна Гута, кои припаѓаат на Дамаска на појасот на Мадаја, Фуи и Кафари во Идлеб. Според тврдењата на генералниот секретар на норвешкиот Совет за бегалци Јан Егеланд, хуманитарна помош за шест од 18 под опсада подрачја не е доставена, затоа што не беше дозволена од страна на режимските сили на претседателот Ассад.
Како што наведуваат локалните извори, напишаната хуманитарна помош не е иста со вистинското доставување на помош, што укажува на одредени недостатоци и неправилности во доставувањето на истата. Истите извори наведуваат и дека меѓу хуманитарната помош која пристигнува, не се наоѓаат лекови и медицинска опрема за хронично болните.
Покрај тоа, во Мадаја се појавила и болест “Kuvasiorkor” која е предизвикана поради недостаток на протеин. До сега 50 деца се забележани со оваа болест, а мината недела едно дете од нив почина. Подрачјата под опсада сеуште чекаат помош за извлекување на неколку стотини лица од животна опасност. Режимските сили со нападот на Туркмендаг, кој се наоѓа во регионот Лазкија, западот на Алепо, југот на Идлеб, Источна Гута која се наоѓа на истокот на Дамаск, Дера и Хомс, го прекршија договорот на прекинот на огнот. Конфликтите сеуште траат во близина на градот Тедмур ( Палмир ) кој од 2014 година се наоѓа под контрола на терористичката огранизација ДАЕШ.
Русија од почетокот на прекинот на огнот до денес го намали бројот на воздушни напади, а донесе и одлука да повлече поголем дел од своите сили. Во моментот, руските авиони поддршката на Ассадовиот режим ја пружаат само на подрачјата во Палмир.
Опозицијата во изминатите две недели успеа да врати одреден дел од подрачјата помеѓу Азаз и Јараблус кои се наоѓале под контрола на ДАЕШ.