Yusuf Hatip
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ИСЛАМАБАД (AA) – Претседателот на Иран Хасан Рохани во рамките на официјалната посета на Исламабад, се состана со началникот на Генералштабот на Пакистан Рахаел Шариф, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот се разговараше за регионалната безбедност и односите помеѓу Исламабад и Пакистан.
Рохани изрази пофалби за антитерористичките акции на пакистанската војска. Рохани се состана и со светникот за надворешни односи на кабинетот на премиерот на Пакистан Сартај Азиз, со кој зад затворени врати разговараше за деловната соработка помеѓу двете земји.
Потоа Рохани се придружи на Пакистан-Иран Бизнис Форумот. На говорот кој го одржа на Форумот, Рохани зборуваше за економската стабилност како и за тоа дека културните и политичките односи помеѓу Пакистан и Иран напредуваа.
Иранскиот претседател истакна дека неговата земја е спремна на соработка со Пакистан во секторот на нафтата и природниот гас. Покрај тоа, како што истакна Рохани покрај енергетиката, спремен е на влошување во полињата на инфраструктурата, трговијата, туризмот и изградбата на брани и патишта.
Премиерот на Пакистан Наваз Шариф рече дека односите помеѓу Иран и Пакистан се втемелени на почитиување, а истакна дека тоа и дека јакнењето на стопанството на земјата, потребна е борба против тероризмот и подмирување на потребата за енергија.
Премиерот Шариф истакна дека нивната цел е да се зголеми обемот на трговија со Иран на пет милијарди долари и дека економската благосостојба на Пакистан позитивно ќе влијае на целиот регион.