свет

Јапонија: Голема експлозија на вулканот Сакураџима

Метеоролошката агенција на Јапонија соопшти дека исфрлениот пепел достигнал до височина од 5.500 метри, и дека ова е најголемата експлозија на овој вулкан регистрирана од јули 2016 година досега

Emre Aytekin   | 08.11.2019
Јапонија: Голема експлозија на вулканот Сакураџима

АНКАРА (АА) - Голема експлозија се случи во вулканот Сакураџима, кој се наоѓа во јужниот дел на Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на јапонската новинска агенција „Кјодо“, во вечерните часови се појавиле облаци од пепел врз кратерот на врвот на овој активен вулкан, кој се наоѓа на полуостров во заливот Кагошима.

Метеоролошката агенција на Јапонија соопшти дека исфрлениот пепел достигнал до височина од 5.500 метри, и дека ова е најголемата експлозија на овој вулкан регистрирана од јули 2016 година досега.

Агенцијата предупреди дека во случај на продолжување на експлозиите, вулканските камења, како и протокот на лава може да се шират во дијаметар и до 1 километар.

Сè уште нема материјална штета поради експлозијата.

Полуостровот во чии рамки се наоѓа вулканот Сакураџима порано беше одделен остров на заливот Кагошимa, но по големата вулканска експлозија во 1914 година исфрлената лава ја пополнила крајбрежната линија во источниот дел на ова место, и на тој начин се обедини со полуостровот Осуми. Експлозијата беше регистрирана како најголема вулканска експлозија во историјата на Јапонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın