Јапонија го рестартира реакторот во најголемата нуклеарна централа во светот
Централата работи на реактори со врела вода, ист тип како во катастрофата во Фукушима, а управувана е од ТЕПКО
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија денес го рестартираше реакторот во најголемата нуклеарна централа во светот во префектурата Ниигата, северозападно од Токио, откако беше утврдена причината за дефектот што доведе до негово исклучување минатиот месец, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Токио Електрик Пауер Компани Холдингс Инк. (ТЕПКО) го рестартираше реакторот број 6 во нуклеарната централа Кашивазаки-Карива, кој беше исклучен на 23 јануари откако се огласи аларм за време на повлекувањето на контролната прачка, објави Кјодо њуз.
Реакторот беше исклучен кратко време по повторното ставање во функција, што е прво рестартирање на реактор од ТЕПКО по нуклеарната катастрофа во Фукушима Даичи во 2011 година.
ТЕПКО соопшти дека планира да започне со комерцијални операции на 18 март, по континуираните инспекции на опремата, со цел да се осигури безбедноста на системот во реакторот од 1.360 мегавати.
Нуклеарната централа Кашивазаки-Карива, која има вкупен капацитет од 8,2 гигавати и се состои од седум реактори, во голема мера е неактивна од 2012 година по несреќата во Фукушима предизвикана од земјотресот и цунамито.
Централата работи на реактори со врела вода, ист тип како во катастрофата во Фукушима, а управувана е од ТЕПКО.
Јапонија накратко ја рестартираше работата на реакторот кон крајот на јануари, но ја запре по еден ден поради проблеми со системите за контролните прачки.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
