свет

Халштат во подножјето на Алпите привлекува внимание со историската архитектура и природните убавини

Халштат, лоциран на брегот на езерото во подножјето на Алпите, е едно од најпосетуваните подрачја во Европа

Şengül Azbay  | 09.02.2026 - Обновена : 10.02.2026
 Халштат во подножјето на Алпите привлекува внимание со историската архитектура и природните убавини

ХАЛШТАТ (AA) - Местото Халштат, кое се наоѓа на околу 60 километри од австриската сојузна покраина Салцбург, се вбројува меѓу најважните туристички дестинации во Австријa, пишува Анадолу.

Халштат, лоциран на брегот на езерото во подножјето на Алпите, е едно од најпосетуваните подрачја во Европа.

Со величествениот изглед ова место во текот на целата година привлекува посетители од сите делови на светот, а до него може да се стигне по пат или со воз.

Поради големиот број посетители, за туристичките автобуси во Халштат е воведено временско ограничување од 2,5 часа, а местото се вбројува меѓу најфотографираните локации во светот.

Посетителите ги пречекува плоштадот „Marktplatz Hallstatt“, кој се наоѓа меѓу југозападниот брег на езерото Халштатер и стрмните падини на масивот Дахштајн.

Халштат го привлекува вниманието со историските градби и шарените куќи и на посетителите им нуди сцени слични на разгледници, со единствен поглед кон езерото и Алпите.

Прошетката по тесните улички на местото, со снежните пејзажи на Алпите, им овозможува на посетителите незаборавни и единствени моменти.

Меѓу најпосетуваните локации во местото се Salzwelten Hallstatt, еден од најстарите рудници за сол во светот, како и „Beinhaus“, познатата куќа на коските во која се изложени коски и черепи на жители од минатите векови.

До видиковецот на повисоките делови на местото може да се стигне пешки или со жичарница (фуникулар) што се користи и за посета на рудникот за сол.

Халштат, кој во секое годишно време нуди поинаква убавина, им овозможува на посетителите и возење со чамец по езерото.

Во местото во кое живеат околу 1.000 жители, туристите имаат можност да пробаат виенска шницла, едно од најпознатите јадења на австриската кујна, како и различни локални слатки.

Посетителите на оваа туристичка дестинација, една од најзначајните во Австрија, може да купат сол произведена во овој регион, како и разни сувенири.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.