Aşkın Kıyağan
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ВИЕНА (АА) - Во железничката несреќа што се случи во австрискиот град Салцбург се повредени 54 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Судирот меѓу двата воза што тргнале од Цирих и Венеција се случил на железничката станица во Салцбург.
Сузане Фрид, кондуктерка на возот што доаѓал од Цирих, потврди дека патниците се повредиле поради падот на куферите и торбите од силниот судар.
„Нема повредени што се во животна опасност“, истакна Фрид. Од Црвениот крст потврдија дека патниците се хоспитализирани во локалните болници.
Започната е истрага во врска со настанот. Засега нема информации за причините за несреќата.