Ekipa
20 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ТОКИО (АА) - Вулкан во Јужна Јапонија избувна за првпат по 250 години, а властите прогласија забрана за движење околу планината, јавува Anadolu Agency (AA).
Планината Ио вчера исфрлаше чад и пепел високо на небото, што претставува прва ерупција од 1768 година. Денес Јапонскиот метеоролошки завод објави дека зоната за забрана се проширува на целата планина, а не само на областа околу кратерот.
Експлозиите накратко се смирија денес, но официјалните претставници ги предупредуваат жителите на околните градови на можност од паѓање вулкански камења и пепел.
Вулканот е дел од планинскиот венец Киршима во главниот јужен јапонски остров Кјушу. Областа се наоѓа околу 1.000 километри југозападно од Токио.
Уште еден вулкан, што се наоѓа во близина, еруптираше во март, прв пат по седум години.
Јапонија се наоѓа на „Пацифичкиот огнен прстен“ и има 110 активни вулкани.