Kasım İleri
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон најави дека иако во моментов не постојат индикации оти сирискиот режим се подготвува за нов напад со хемиско оружје, сирискиот претседател Башар ал Асад сè уште има капацитет за такви ограничени напади, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тие сè уште имаат еден преостанат дел од капацитетот. Најверојатно е раширен низ целата земја на неколку локации“, изјави американскиот генерал-полковник Кенет Мекензи на брифингот во Пентагон.
Тој посочи дека режимот на Асад во иднина ќе биде во можност да изведува ограничени напади.
„Ќе бидат во можност во иднина да спроведуваат ограничени напади, нема да ја отфрлам таа можност“, рече Мекензи.
Тој, исто така, нагласи дека постојат докази оти хемиското оружје се наоѓало на локациите што биле нападнати за време на викендот.
Како одговор на нападот со хемиско оружје на Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција на 14 април бомбардираа повеќе локации на силите на режимот на Башар ал Асад во Дамаск и Хомс, а станува збор, меѓу другото, за складишта со хемиско оружје.