AP
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Француската полиција го евакуираше парискиот универзитет, кој веќе месец дена е окупиран со протести на студентите поради законот за запишување на универзитет, јавува Anadolu Agency (AA).
Француската полиција соопшти дека евакуацијата на Толбиак изминала без инциденти.
Министерот за внатрешни работи, Жерар Колом (Gerard Collomb) на социјалната мрежа Твитер објави пост во кој вели дека владеењето на правото ќе биде применето насекаде.
Студентите во изминатите неколку недели го блокираа пристапот или ја прекина наставата во неколку кампуси низ цела Франција, во знак на протест поради измената на правилата за прием на студенти, плашејќи се дека тоа ќе им го загрози пристапот до јавните универзитети на сите француски средношколци.
Протестите на студентите се случуваат во време на протести во Франција кои се одржуваат поради економските реформи на претседателот Емануел Макрон.