Gülşen Topçu
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
КАИРО (АА) - Египетските власти на Меѓународниот аеродром во Каиро запленија мапа на Палестина стара 218 години, која требало да биде прошверцувана во странство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Меѓународниот аеродром во Каиро, египетската Новинска агенција МЕНА објави дека египетските власти заплениле редок примерок кој ќе бил прошверцуван во странство.
Во соопштението не се дадени информации за тоа каде ќе беше однесена мапата, но се соопштува дека египетските власти ќе ја предадат мапата на Дирекцијата за книги и документи.
Се истакнува дека на мапата, која е со димензии 37 на 43 сантиметри, се наоѓа забелешка на германски јазик, која покажува дека мапата датира од 1800 година.