Ekipa
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
МАДРИД (АА) - Баскиската паравоена организација ЕТА денес објави дека навистина жали за болката предизвикана од нејзината вооружена кампања за независност на Баскија од Шпанија, и вети дека никогаш повеќе нема да му се врати на насилството, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објавија баскиските весници „Берија“ (Beria) и „ Гара“ (Gara), ЕТА ја признава „својата директна вина за предизвикување болка за време на нивната вооружена кампања, како и својата посветеност за конечно надминување на последиците од судирите и нивно неповторување“.
„Навистина ни е жал“, се нагласува во соопштението.
ЕТА, која уби повеќе од 800 лица, меѓу кои и полицајци, политичари и бизнисмени, ќе го објави распуштањето на почетокот од следниот месец, објави баскискиот јавен емитер ETB.
По оружените напади и нападите со автомобил бомби, по бројните киднапирања во период од над 40 години, ЕТА ја прекина насилната кампања во 2011 година и се разоружа пред една година.