Atila Altuntaş
20 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Знаме со расистичкиот симбол свастика или кукест крст се виореше утрово на зградата на општина Худинге во Шведска, недалеку од главниот град Стокхолм, на денот кога е роден диктаторот и лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацијата за инцидентот ја потврди и началникот на општината Худинге, Даниел Дронјак, кој даде изјава за шведската државна телевизија СВТ. Тој, поставувањето на расистичкиот симбол го окарактеризира како „многу тажно“ и „одвратно“, и рече дека знамето со кукестиот крст е отстрането веднаш откако е забележано.
Дронјак додаде дека овој чин претставува атентат врз демократијата на Худинге.
Во соопштението од полицијата на Стокхолм се вели дека освен на зградата на општината Худинге, знамиња со кукест крст се поставени уште во две подрачја на Стокхолм.
Се наведува дека таков е случајот и со општините Тјуресо и Сентралброн.
Полицијата започна истрага во врска со овие настани.