Ruslan Rehimov
23 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
БАКУ (АА) - Во Азербејџан се одржуваат избори за општински совети низ целата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
На 5. локални избори што се одржуваат по осамостојувањето, Азербејџанците излегуваат на гласање за да ги утврдат членовите на градските и селските совети.
Процесот на гласање започна во 08:00 часот по локално време, а 41.462 кандидати ќе се натпреваруваат на изборите за 15.156 советнички места во вкупно 1.606 општини.
На изборите право на глас имаат 4 милиони 972 илјади регистрирани гласачи, а процесот на гласање ќе заврши во 19 часот по локално време.
Во согласност со законите на Азербејџан, членовите на советите се избираат на локалните избори и потоа тие меѓу себе го избираат градоначалникот.