Şerife Çetin
23 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) предупреди на загрижувачки пораст на тензиите во Либија и ги повика сите страни на воздржаност и дијалог, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, порача дека кризата во Либија не може да се реши на воен начин туку дека е потребно да се фокусираат на предлозите кои ги дале Обединетите нации и за кои веќе е преговарано.
„Целата меѓународна заедница треба да го почитува и набљудува ембаргото на увозот на оружје во Либија, што го воведоа ОН“, порача Стано.
Тој исто така изјави дека ЕУ силно го поддржува преговарачкиот процес започнат во Берлин, како и преговорите кои ги води специјалниот претставник на ЕУ за Либија, Гасан Саламе.
Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот либиски лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении.