Erbil Başay
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
БЕРЛИН (АА) - Непознати лица нацртале кукаст крст на објектот на здружението Исламски центар Фрајбург, во германскиот град Фрајбург, а во рамките на објектот на овој центар има и џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на здружението, Зија Челик, во својата изјава за АА истакна дека вчера изутрина лицата кои дошле на утринска молитва забележале дека на објектот е нацртан кукаст крст.
Челик вели дека кукаст крст е нацртан од левата и од десната страна на влезната врата од зградата, и се претпоставува дека тоа е сторено преку ноќта.
Исто така, тој истакна дека случајот е пријавен во полиција и пренесе дека полицијата ќе го истражи настанот.
Претседателот на здружението вели дека се шокирани од случајот. Тој нагласи дека здружението веќе 40 години придонесува жителите на Фрајбург да живеат заедно, во мир.
Челик истакна дека го осудуваат овој ксенофобичен акт.
Пред три дена исто бил нападнат објектот на едно друго турско здружение во Берлин, во којшто биле искршени надворешните прозорци.