Hüseyin Burak Demirer
13 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
АНКАРА (АА) - Вчера се одиграа четвртфиналните реванш-средби од УЕФА Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
На второто најголемо европско фудбалско клупско натпреварување, Лига Европа, се одиграа реванш-средбите меѓу ЦСКА Москва - Арсенал, Спортинг Лисабон - Атлетико Мадрид, Салцбург - Лацио и Олимпик Марсеј - Лајпциг.
Олимпик Марсеј по поразот на првиот натпревар на гостински терен од 1:0, на домашен терен ја пречека екипата на Лајпциг. Олимпик Марсеј извојува убедлива победа од 5:2 и по првпат од сезоната 2003/04 се пласираше во полуфиналето на Лига Европа.
Австрискиот клуб Салцбург, по поразот од 4:2 во Рим, на домашен терен го пречека италијанскиот претставник Лацио. Салцбург успеа да извојува победа од 4:1 и се избори за пласман во полуфинале.
Рускиот претставник ЦСКА Москва, на домашен терен го пречека англискиот претставник Арсенал. Првата средба заврши со убедлива победа на Арсенал од 4:1. Домаќините поведоа со 2:0 и не искористија неколку шанси што ќе им донесеа погодок кој можеше да ги однесе во полуфиналето на Лига
По неискористените шанси, Арсенал успеа да изедначи на 2:2 и обезбеди пласман во полуфиналето, што е негов прв пласман во полуфиналето на Лига Европа од сезоната 1999/2000 наваму.
Португалскиот претставник Спортинг Лисабон, по поразот од 2:0 во Мадрид, на домашен терен ја пречека екипата на Атлетико. Спортинг успеа да постигне само 1 погодок за водство од 1:0, што не беше доволно за пласман во полуфиналето.
На тој начин Атлетико стана четвртиот полуфиналист на Лига Европа, екипа која во сезоните 2010 и 2012 е победник на ова натпреварување.
Во Лигата на шампиони, пласман во полуфиналето изборија Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул и Рома.
Извлекувањето на паровите за полуфиналето на Лига Европа ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот, додека извлекувањето на паровите за Лига на шампионите е закажано за 13 часот.