Aida Cako
27 Јануари 2026•Ажурирај: 29 Јануари 2026
ХАЛШТАТ (АА) – Историскиот град Халштат, сместен на брегот на езерото Халштат и во подножјето на Австриските Алпи, беше обвиткан во снежна покривка, нудејќи им на посетителите глетка како од разгледница, јавува Анадолу.
Градот, кој е дел од листата на светско културно наследство на УНЕСКО, ги маѓепсува туристите со своите традиционални куќи покриени со снег, огледалните одрази во езерото и топлата светлина на зимското изгрејсонце.
Познат како едно од најфотографираните места во светот, Халштат и во зимските месеци останува омилена дестинација за љубителите на природата, фотографијата и мирниот алпски амбиент.
Посетителите уживаат во прошетките покрај езерото, тесните улички и уникатната архитектура, која го зачувува духот на минатите векови.