Израелскиот премиер бара нов безбедносен договор со САД
Израел и САД го потпишаа актуелниот 10-годишен меморандум за разбирање во 2016 година, обезбедувајќи околу 38 милијарди долари воена помош...
ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се подготвува за разговори со администрацијата на Трамп за нов 10-годишен безбедносен договор со Соединетите Американски Држави (САД) бидејќи на актуелниот договор наскоро му истекува важноста , објави денес „Tајмс оф Израел“, пренесува Анадолу.
Цел на разговорите е да продолжи американската воена поддршка со нагласок на заеднички развој на оружје, соработка во одбранбената технологија и стратегиски партнерства наместо директни финансиски грантови, се вели во веста.
Гил Пинчас, поранешен висок советник во Министерството за одбрана на Израел, за „Фајненшл тајмс” изјави дека можеби Израел постепено да го намалува она што тој го нарече „бесплатни пари“, мислејќи на 3,8 милијарди долари годишно американски воени грантови.
Израел и САД го потпишаа актуелниот 10-годишен меморандум за разбирање во 2016 година, обезбедувајќи околу 38 милијарди долари воена помош до 2028 година, вклучително и финансирање системи за противракетна одбрана.
Нетанјаху изјави дека Израел се надева постепено да ја намали зависноста од американска воена помош во наредната декада, како што се развиваат неговата економија и домашна одбранбена индустрија, според весникот.
Со поддршката што ја добива од САД, Израел започна брутална војна во Појасот Газа, во која животот го загубија 71.000 Палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се над 171.000 од октомври 2023 година досега. Како последица на нападите енклавата е претворена во урнатини, а Обединетите нации проценуваат дека трошоците за обновување на Газа ќе изнесуваат околу 70 милијарди долари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
