Mevlüt Özkan
27 Јануари 2026•Ажурирај: 28 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 10 припадници на безбедносните сили се убиени во напад врз полициски пункт во северниот дел на Нигер, додека двајца напаѓачи биле убиени во последователните судири, јавуваат француските медиуми, пренесува Анадолу.
Според радиото РФИ, полицискиот пункт во Асамака, клучна транзитна точка за мигрантите од Западна Африка, бил нападнат вчера од вооружени лица кои пристигнале со шест пикап-возила.
Неколку безбедносни извори од Нигер соопштија дека во нападот се убиени најмалку 10 војници, како и двајца напаѓачи.
Алијансата на државите од Сахел (AES), составена од Нигер, Мали и Буркина Фасо, на 20 декември официјално ја формираше заедничката воена сила од околу 5.000 припадници, позната како Обединета сила на АЕС (FU-AES).
Силата беше инаугурирана на церемонија во Бамако, на која присуствуваше и лидерот на Мали, Асими Гоита.
Со неа командува генералот Дауда Траоре од Буркина Фасо, а седиштето ѝ е во Нијамеј.
Новоформираната сила има за цел да спроведува заеднички антитерористички операции, да ја зајакне безбедноста на границите и да го унапреди разменувањето разузнавачки информации.
Таа претставува чекор кон колективна одбрана меѓу трите земји управувани од воени хунти, кои се дистанцираа од западните партнери и од Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).
Иако властите сè уште не најавиле целосна мобилизација, новата правна рамка им овозможува брза ескалација доколку безбедносните закани се зголемат, што ја нагласува насоченоста на хунтата кон внатрешна кохезија и регионална солидарност во услови на постојана нестабилност.