свет

Индија и ЕУ потпишаа документ за зaвршување на преговорите за договорот за слободна трговија

„Индија денес го потпиша својот најголем Договор за слободна трговија со 27-члената Европска Унија“, изјави индискиот премиер Моди

Riyaz Khaliq Khaliq  | 27.01.2026 - Обновена : 27.01.2026
Индија и ЕУ потпишаа документ за зaвршување на преговорите за договорот за слободна трговија

ИСТАНБУЛ (АА) - Индија и Европската Унија (ЕУ) денес потпишаа документ за завршување на преговорите за Договорот за слободна трговија (FTA), објави „Прес траст оф Индија“, пренесува Анадолу.

Потпишувањето беше направено по разговорите на ниво на самит меѓу индискиот премиер Нарендра Моди и лидерите на ЕУ Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста во Њу Делхи.

Двете страни, исто така, потпишаа Договор за партнерство во безбедноста и одбраната, како и Договор за „сеопфатна“ рамка за мобилност.

„Индија денес го потпиша својот најголем Договор за слободна трговија со 27-члената Европска Унија“, изјави Моди.

Индискиот министер за трговија, Раџеш Агравал, вчера изјави дека Индија и ЕУ го финализирале својот Договор за слободна трговија.

„Договорот се очекува да биде потпишан подоцна оваа година и може да стапи на сила на почетокот на следната година“, рече Агравал.

Њу Делхи и Брисел беа вклучени во разговори за слободна трговија околу 20 години пред двете страни да постигнат заклучок вчера.

Според индиската Влада, ЕУ останува најголемиот трговски партнер на Индија за стоки, при што обемот на билатералната трговија достигна приближно 136 милијарди долари во 2024-25 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.