Францускиот министер Баро: Неконтролираната воена ескалација на Блискиот Исток е опасна
„Неконтролираната воена ескалација на Блискиот и Средниот Исток е опасна. Не смее да ни го одвлече вниманието од Украина...“
ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, денес предупреди на неконтролираната воена ескалација на Блискиот Исток, во услови на тековните тензии во регионот поради американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките напади на Техеран, јавува Анадолу.
„Неконтролираната воена ескалација на Блискиот и Средниот Исток е опасна. Не смее да ни го одвлече вниманието од Украина, каде што веќе четири години во прашање се безбедноста и мирот на европскиот континент, во контекст обележан со сè поголемата меѓународна изолација на Русија“, изјави Баро пред новинарите во пресрет на седницата на Советот за надворешни работи во Брисел.
Тој ја потврди „големата решителност и непоколебливост“ во продолжувањето на поддршката за Киев и вршењето притисок врз Москва.
Баро, исто така, најави дека тековните „означувања и санкции се прошируваат со девет нови имиња на воени злосторници одговорни за масакрот во Буча, Украина, извршен во март 2022 година“.
Тој додаде дека се воведени и четири нови санкции „против пропагандистите на Кремљ“.
Откако Израел и Соединетите Американски Држави (САД) извршија заеднички напад врз Иран, на 28 февруари, во кој се убиени околу 1.300 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, непријателствата ескалираа.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и рекети, нишанејќи кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои се стационирани американски бази.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
